Услови за користење

Услугата кој ја нуди ДИГИТАЛ ТРЕНДС преку Интернет продавницата www.giftsmacedonia.com е наменета за сите трговски друштва и поединци кои сакаат да ја изложат нивната понуда на интернет и преку електронска трговија да го зголемат бројот на нивните клиенти.

Следниве Услови и правила се применуваат за употреба на Интернет-страницата за подароци на www.giftsmacedonia.com

ОПШТИ УСЛОВИ

За пристап и користење на веб-страницата и услугите се применуваат одредени услови (во понатамошниот текст: Услови на употреба) и сите важечки закони и регулативи. Со пристапување до оваа страница, се смета дека сте ги прочитале, разбрале и целосно ги прифаќате овие Услови на користење. Доколку не се согласувате со овие Услови на користење, не користете ја страницата www.giftsmacedonia.com.

GiftsMacedonia го задржува правото да ги ревидира Условите за користење во секое време и да го прекине пристапот до оваа страница без најава. Ваша обврска е од време на време да ги препрочитате Условите за користење, за да се запознаете со какви било промени. Користењето на страницата по измената на Условите за користење ќе значи дека сте запознаени со промените и дека ги разбирате и целосно ги прифаќате. Ние не сме одговорни за каква било штета нанесена на корисниците или на трети страни како резултат на ваквите промени.

Освен ако не е поинаку назначено, oвој веб-сајт и неговата содржина, вклучително и целокупниот текст, HTML, скрипти и слики се сопственост на ДИГИТАЛ ТРЕНДС. Секоја репликација, модификација, имитација или копирање на целокупната или на дел од оваа страна без претходна изречна потврда и дозвола на ДИГИТАЛ ТРЕНДС строго се забранува. Ова правна порака се однесува за сите посетители, клиенти, не-клиенти, партнери на ДИГИТАЛ ТРЕНДС услугите.

Со пристапување на овој веб-сајт, вие се согласувате со следниве термини и услови.

Информациите кои се прикажани на веб-сајтот може да се користат само интерно (од вас или на било која трета страна на кого ги дистрибуирате) само за информативни некомерцијални цели. Доколку на овој веб-сајт е наведено лого или се користени производи и услуги од други трговски марки, истите се во сопственост на нивните ценети сопственици.

ДИГИТАЛ ТРЕНДС сајтот може да содржи или нуди линкови до веб-страниците на трети лица кои не се под контрола на ДИГИТАЛ ТРЕНДС. Пристапот до веб-страница на трето лице, е на ваш сопствен ризик.

ДИГИТАЛ ТРЕНДС не е одговорен за веродостојноста на податоците, мислења, совети или изјави дадени на сајтови од трети лица. Вклучувањето на таквите линкови на овој сајт има само информативен карактер и не ја превзема одговорноста за содржината на таквите страници.

ДИГИТАЛ ТРЕНДС ги задржува сите права, без претходна најава да ги менува условите за користењe

AВТОРСКИ ПРАВА

Веб-страницата ги задржува сите права на содржината на страната како (текст, визуелни и аудио материјали, бази на податоци и код). Неовластеното копирање на кој било дел од страницата, без дозвола на сопственикот на авторските права, се смета за повреда на правата на сопственикот и е предмет на правен процес. Фотографиите на производитe се илустративни по природа и не секогаш одговараат на производите што се нарачуваат. GiftsMacedonia особено посочува дека визуелниот идентитет на производот прикажан на фотографијата може да не одговара на изгледот на производот во реалноста, особено ако се земат предвид поставките за мониторот на компјутерот на клиентот, разлики во перцепцијата на бојата за тоа како клиентот ги гледа на екранот и сл. Во случај на горенаведено несовпаѓање помеѓу производот прикажано на фотографијата и испорачаниот производ, не се работи за недостаток на производот.

ПРАВО ЗА ПРОМЕНА НА СОДРЖИНАТА И УСЛУГИТЕ

Уредувачкиот одбор го задржува правото да ја менува, суспендира (привремено и трајно) содржината или услугата на страницата без претходно известување.

Нарачки и плаќање

Нарачките за производите се прават онлајн. Со кликнување на копчето “Во кошничка” избраниот производ се зачувува во кошничката, што можете да ја најдете на горниот дел од страната во десно. Проверете ги производите што сакате да ги нарачате во вашата кошничка. Ако сакате да ја додадете/намалите од бројот на примероци од нарачаниот производ од кошничката, кликнете на паѓачкото мени, одберете го бројот кој одговара на вашата нарачка. Ако сакате целосно да отстраните производ од шопинг кошничката, тогаш кликнете на полето “х” кое се наоѓа на иста линија со името на производот, десно од него. Со кликања на полето “х”, се отстранува производот од шопинг кошничката.

Можете да продолжите со купување или да одите кон наплата

За да продолжите со купување, кликнете на линкот Продолжете да купувате.

За да одите кон наплата, потребно е да ги пополните полињата за ПЛАЌАЊЕ.

Најпрво внесувате е-маил адреса. Истата ќе се користи за да ви испратиме ажурирања за статусот на нарачката.

За да продолжите кон наплата потребно е да го чекирате полето Се согласувам со Услови & правила.

Следни чекори се пополнување на информации за плаќањето, при што одберате начин на плаќање и внесете ги вашите податоци.

Откако ќе ја поставите нарачката, истата ја потврдувате и добивате потврда за нарачката. Потврда за нарачката и ажурирањата ќе се испраќаат наемаил адресата која ја имате оставено.

Потврдата за нарачката можете да ја отпечатите со кликање на линкот Печати нарачка кој се наоѓа во десниот дел од модулот каде што е наведено името НАРАЧКА БРОЈ.

Ние ќе Ви ги доставиме нарачаните производи што е можно поскоро. Ако имате какви било прашања во врска со вашата нарачка, Ве молиме испратете ни емаил info@gifsmacedonia.com или јавете ни се на телефонскиот број 076748848.

Ако GiftsMacedonia не е во можност да достави некој од нарачаните производи, ние ќе го контактираме корисникот по е-пошта и ќе го известиме за горенаведеното.

Се смета дека производот е купен во моментот кога купувачот ќе ја потврди нарачката и ќе изврши уплата на износот.

ОБВРСКИ НА КОРИСНИЦИТЕ

На корисниците на страната строго им се забранува:

  • објавување и размена на содржини кои ги кршат постојните македонски и / или меѓународни закони, содржина што е навредлива, вулгарна, заканувачка, расистичка или шовинистичка и штетна на кој било друг начин;
  • објавување, испраќање и споделување информации за кои посетителот знае или се сомнева дека се лажни и чија употреба може да им наштети на другите корисници;
  • погрешно претставување, односно застапување во име на друго правно или физичко лице;
  • манипулирање со идентификаторите за прикривање на потеклото на објавените или пренесените содржини преку порталните услуги;
  • објавување, доставување и споделување на заштитени содржини;
  • објавување, испраќање и споделување на несакана содржина на корисниците без нивна согласност или замолување или преку измама;
  • свесно објавување, испраќање и споделување на содржини кои содржат вируси или слични компјутерски датотеки или програми дизајнирани да уништат или ограничат работата на кој било компјутерски софтвер и / или хардвер и телекомуникациска опрема;
  • собирање, чување и објавување лични информации на други посетители и корисници на портали,
  • објавување на рекламни пораки – се смета дека објавувањето на рекламната порака е направено од спонзорираната статија според тековниот ценовник на страницата и дека лицето / компанијата што напишала ваква објава е подготвена да плати за тоа.

ПРОИЗВОДИ, УСЛУГИ И ЦЕНИ ОД УСЛУГАТА

Цените за производите и услугите прикажани на Интернет-страницата се изразуваат во македонски денари („МКД“) и вклучуваат данок на додадена вредност. Трошоците за испорака не се вклучени во цените на производите. Цените, условите за плаќање и специјалните понуди важат само за време на нарачката и / или плаќањето и се предмет на промена без најава.

По потврдувањето на купувањето, корисниците го завршуваат процесот на набавка и плаќање преку услугата за веб-продавница.

НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ

а) Плаќање со картички: ВИЗА, МАСТЕРКАРД, МАЕСТРО

б) Вирмански – плаќање по нарачка

в) При достава на врата

г) Со фактура

Друштво за трговија и услуги ДИГИТАЛ ТРЕНДС ДОО увоз-извоз Скопје

X