Опис
- Автор: Венко Андоновски
- Издавачка куќа: ТРИ
- Година на издавање: 2020
- Број на страни: 262
- Димензии: 140/210
- Корица: мека
- Јазик: македонскиПред тебе стои мојата книга Најчитаните и најнечитаните колумни. Главна причина да ги објавам во книга е тоа што веќе сигурно нема да се занимавам со политичка колумна. Впрочем, 35 години веќе непрекинато пишувам колумни, експериментирајќи со овој жанр, обидувајќи се да го оддалечам од вулгарно политичкото и да го доближам до здравото логичко мислење, личното толкување на фактите, до есеистиката, до сопствениот став и сопствената гледна точка.Денес колумната не само што се сведе на хистерично изразување исклучив став (кој читателот, дури и да е навистина личен став, веднаш го прогласува за партиски), туку стана и полигон за изразување интелектуална суета. Мене тоа не ми треба. Како ни висока читаност. Читаноста денес е пазарен критериум и јас веќе знам дека најпродаваното не значи по дефиниција и најдобро.Ќе бидам пресреќен доколку навистина, драг читателу, провериш што сè сум напишал во тоа бурно време, доколку внимателно процениш колку сум бил контрадикторен и каде сум се „лизнал“, а каде сум погодил некои нешта. Сума сумарум: ако критички ме исчиташ, без надворешни политички влијанија и предрасуди. Венко Андоновски
Критики
Нема критики сеуште.