ДИГИТАЛЕН ПОДАРОК
-
Научи како да ги поставиш ефикасно твоите ИДНИ ЦЕЛИ !
Дали среќата е единствена цел што ве мотивира? Дали има нешто повеќе што сакате да постигнете во периодот кој следува.. ?
Кога размислувате за себе што повеќе би сакале: да сте среќни или да имате живот полн со смисла и значење?
Се разбира дека можете да ги имате и двете, но повеќето од нас несвесно го избираат, среќен живот кој значи многу хедонизам, удобства, исполнување на желбите и живот во кој се ни оди како “подмачкано”. Ајде размислете дали Вашите цели сакате да Ви бидат насочени кон среќен живот или кон живот кој ќе Ви донесе смисла и значење за Вас и/или и за Вашата фамилија.
Искрено една од најпопуларните резолуциии што ја слушам од пријателите е “ сакам да уживам во живот ” или “сакам да бидам среќен”. Луѓето најчесто како најважна одлука во своите размислувања ја стават среќата (покрај здравјето). Тоа и не е толку чудно ако имате во предвид дека секојдневно во медиумите се промовира концептот на среќа и уживање, преку рекламите (особено тоа како порака е засилено околу Нова Година), потоа во сите книги и мотивациски говори се посветуваат цели поглавја на таа тема, дури може да го најдете и клучот кон постигнување на тајната на среќата.
На долгорочен план способноста да ја најдеш смислата на својот живот е навистина вистинска среќа!
Овој курс ќе Ви помогне за краток период, преку работа на себе и пишување за своите вредности и цели , преку видеа, лекции и задачи , да искреирате СРЕЌЕН ЖИВОТ и да ја најдете вистинаската смисла на Вашиот Живот.
Линк до воведно ВИДЕО од курсот !
Вашиот личен ментор,
М-р Билјана Пешева