Политика на приватност

ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

GDPR – Известување до купувачите за нивните права за заштита на лични податоци

Порталот GiftsMacedonia (www.giftsmacedonia.com), во сопственост на Друштвото ДИГИТАЛ ТРЕНДС ДОО Скопје, се обврзува дека ќе се грижи за Вашата приватност и ќе ги обработува Вашите лични информации исклучиво поврзани со Вашите нарачки / барања / поплаки / пофалби, а во согласност со Законот за заштита на потрошувачите на Република С. Македонија.

GiftsMacedonia.com гарантира дека ќе делува во согласност со сите применливи законски одредби според Законот за заштита на потрошувачите и Законот за е-трговија во Р.С. Македонија.

За жал, доколку не сакате да ги дадете Вашите лични податоци, нема да можеме да ја процесираме Вашата нарачка.

Вашите информации ќе се чуваат толку долго колку што е ограничено со законот.

Вашите информации ќе бидат споделени само со деловните субјекти поврзани со Вашата нарачка (како што се услуга за испорака – курирска служба, сметководствена услуга, банка), а кои се неопходни за извршување на услугата кон Вас.

Вашите права за заштита на личните податоци се следни:

– Да добиете потврда дека Вашите лични податоци се обработуваат и доколку сакате да добиете пристап до личните податоци Ваши кои се обработуваат;

– Можете да ги дополните, модифицирате и корегирате Вашите лични податоци;

– Може да побарате да се избришат Вашите лични податоци или побарајте податоците да бидат анонимни;

– Може да блокирате било каква нелегална обработка на податоците, како и нивна ограничена употреба;

– Да дадете легитимен приговор во врска со обработката на податоците

Доколку сакате да не контактирате за Вашите законски права, можете да испратите барање на info@giftsmacedonia.com. Доколку во рок од 15 дена не одговориме на Вашето барање во врска со личните податоци, имате право да поднесете жалба во врска со обработката на вашите лични податоци.

Изјава за заштита и колекција на лични податоци

GiftsMacedonia.com се обврзува да ги заштитuva личните податоци на Крајните потрошувачи со собирање само на потребните, основни податоци за крајните клиенти, потребни за извршување на услугата кон нив. Клиентите ќе бидат известени за тоа како ќе се користат нивните податоци, а клиентите имаат избор да ги променат, да кажат дали и понатаму, и како може да се користат нивните податоците, вклучително и можноста да одлучат дали нивното име треба да биде отстрането од списокот што се користи за маркетинг кампањи.

Сите податоци за крајниот корисник, се чуваат строго и се достапни само за вработените на нашата компанија, кога тоа е потребно.

Сите наши вработени и деловни партнери се одговорни да ги почитуваат нашите принципи за приватност за заштита на личните податоци на потрошувачите.

Интегритет на податоците

Www.giftsmacedonia.com е посветена на обезбедување на највисоко ниво на безбедност за интегритетот на содржините собрани од неговите корисници, со цел да се спречат неовластените промени, дополнувања, бришења, удвојувања, кражби и слични активности.

Ова не важи за податоци што содржат лажни, вознемирувачки, злоупотреби, злонамерни, експлицитни и други неприфатливи содржини, кои автоматски ќе ги отстранат вработените на www.giftsmacedonia.com